Еднодневна прошетка до Манастир Прохор Пчињски 04.03.2023
-Поаѓање во 05:00 часот од пред спортска сала Битола, преку Прилеп, Велес, Куманово.. Планирано пристигнување околу 9 часот, со попатни паузи и царински формалности.
Прво го посетуваме Манастирот на свети Прохор Пчињски кој се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Врање. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски , кој му предвидел дека ќе стане цар.
Пророштвото се исполнило, Диоген владеел од 1067 до 1071 година, сосема заборавајќи на светецот. Прохор веќе се преселил во друга пештера, во близина на реката Пчиња.
По неговата смрт, светецот на сон му се јавил на Диоген со потсетување дека го заборавил. И така, на местото на нивната прва средба немало ништо и Диоген во селото Старо Нагоричане издигнал црква, а кога добил второ јавување во сон, Диоген се упатил во планината каде го нашол мртвото тело на Прохор Пчински. Во близина на испосницата подоцна бил кренат манастир во чест на Прохор Пчински, каде до денеска се наоѓаат неговите мошти, од кои истекува густо масло…
Живописот на црквата е од 1489 година. Во 1944 година во манастирот е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денеска претставува културен и духовен центар од историско значење.
По посетата на манастирот продолжуваме према ВРАЊЕ, време за шопинг, LIDL, релаксирање, прошетки, кафе и слободно време за ручек. Во договорено време со водичот собир на групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена: 1300 мкд
Во цената е вклучено:
Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
Пратител од Агенција
Посета на Врање и Манастир Прохор Пчињски
Во цената не е вклучено:
Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА!!!
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 35 патници.
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.