Се поаѓа во 06:00 од пред спортска сала Битола. Денско возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Воден, посета на водопадите и индивидуални прошетки низ Воден (планирано е да се задржиме еден час). Потоа поаѓаме према Лутраки. Слободно време за индивидуални разгледи на Лутраки. Овој спа центар е сместен на јужната страна на планината Кајмакчалан. Прекрасен предел низ кој тече реката Топлица од која произлегуваат надалеку познатите термални извори. Спа центарот распола со отворен и затворен базен, приватни бањи и кафе бар. Температурата на водата е константна и преку цела година изнесува 37, 38 степени. Собир на групата во договорено време со водичот. Можност за организирање на ручек во таверна. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА: 800 денари
НАПОМЕНА!!!