БИГОРСКИ МАНАСТИР
Термин 19.03.2023
Се поаѓа во 06:00 часот од пред спортска сала Битола. Се патува преку Кичево и Маврово. Пристигнување во Св.Јован Бигорски околу 08:00 часот, каде секоја година традиционално со над стотина верници се одржува света литургија и свечен чин на положување на светиот крст во осветените води во реката Радика. По завршување на манифестацијата се продолжува за манастирот Рајчица и црквата Св.Ѓоргија. Манастирот се наоѓа во селото Рајчица и црква посветена на Свети Ѓорѓиja Победоносец. Во овој женски манастир од 11 век, се чуваат едно парче од крстот на Исус и мал дел од раката на Свети Георги Победоносец. Разглед на манастирот и црквата, потоа се упатуваме кон Вевчани каде имаме слободно време за индивидуални прошетки во природа, посета на изворите како и слободно време за ручек. Во договорено време се поаѓа за Битола.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 800 денари
Во цената е вклучено
Превоз на наведената релација со туристички автобус
Организација и водство на патувањето
Пратител на групата
НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници! Во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 2 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.