Хотелот се наоѓа во областа Gundogdu 12км од Side и 60км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 243. Стандардни соби (26m², една спална соба со спална+единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице), Економски соби (18m², една спална соба со спална, едно купатило, само со поглед на копно и без балкон, макс.2 лица), Фамилијарни соби (52m², две одвоени соби, едно купатило, макс.4 лица, сите фамилијарни соби се со поглед на копно). Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сеф (се доплаќа), ламнатен под, сателитска телевизија и музички канали, , балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, сладолед во барот покрај базен за време на одредени часови, пијалоци во барот на плажа до 18:00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и едаш за престој во еден од нив. Не е вклучено: премиум и спецфијални увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, послуга во соба, пијалоци во Disco club.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Италијански, Мексикански, Рибен и Турски, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во лоби, во собите се доплаќа.
Хотелска плажа- песочна, со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкири на плажа се доплаќаат.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, куглање, соба за играње, SPA центар и масажа. Забавни програми во текот на денот, навечер понекогаш музика во живо и шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.