Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, оддалечен 70км од аеродромот во Анталија и 7км од античкиот град Сиде.
Вкупен број на соби 388. Стандардни соби (26м², една спална соба со француски кревет + единечен кревет + софа кревет, купатило, мах. 2+2 лица), Економски соби (22м², една спална соба, купатило, мах. 2 лица), Фамилијарни соби (32м², може да биде дуплекс или две соби една до друга (не се споени со врата) или врана на лизгање во дуплекс собите, купатило, мах. 4 лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, папучи, сплит клима уред, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, под со ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, ноќно бифе, детско бифе и дел со детска храна во ресторанот, бар на плажа со закуски, безалкохолни пијалоци и пиво, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24/7, свежо цеден сок од портокал и јаболка само за појадок, сладолед во одредени часови во денот, бар на плажа со закуски и локални пијалоци од 10.00-18.00 часот, А’la Carte ресторани со предходна резервација и еднаш во тек на престој. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, флаширани пијалоци, собна услуга.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Paha – турска кујна, Toscano – италијанска кујна и Irmak – рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, чување на деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување на автомобил. Wi-Fi интернет конекцијата во собите и во лоби е бесплатна.
Хотелска приватна, песочна плажа, оддалечена 250м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкирите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа во текот на целиот ден.
Надворешни и внатрешни базени, лизгалка на вода, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа, турска бања, тениски терени, мини голф. Со доплата: масажа, сауна, билијард, опрема за тенис и осветлување на тениските терени, велнес и спа центар, спортови на вода. Дневни забавни програми покрај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца во вечерните шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми, игралиште, мини диско во вечерните часови.