http://www.villasunflower.com/
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Аланија и на 130 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на одделни соби е 230 распоредени во 6 објекти.
Стандардни соби (17-25m², една спална, отворена кујна, макс. 2+2 лица),
Сјуити (30-40m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, , макс. 4 лица),
Фамилијарни сјуити (47-62m², две спални соби, една дневна, едно купатило, макс. 6 лица).
Сите соби се со купатило со туш и фен, клима систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), ламинат на подот, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – сервис за шведска маса за појадок, ручек, пладневно кафе и торта, вечера, локални и домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 23.00ч. Не се вклучени: увозни пијалоци, свежо цедени овошни сокови, сладолед, храна и пијалоци по 23.00ч, храна и пијалоци на плажа.
Содржини
Главен ресторан за сервис шведска маса, бар покрај базен, снек бар. Доктор, сервис за перење, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар – се наплаќа. WI-FI интернет конекција во целиот хотел се наплаќа.
Плажа
Плажа на 500 метри од хотелот, песочна. Чадори за сонце и лежалки се наплаќаат. Лежалките и чадорите за сонце покрај базенот се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, водена лизгалица. Дополнително се наплаќа за спортови на вода.