Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки, на 10км од Манавгат и 60км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 236. Стандардни соби (35м², една спална соба со француски кревет + кревет на расклопување, купатило, максимум 3 лица), Делукс соби (35м², една спална соба со француски кревет, дневен престој со софа, купатило, максимум 2 лица), Јуниор соби (50м², една поголема соба со дневен престој, француски кревет, купатило, максимум 3 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, клима уред, сет за чај и кафе, сеф, ЛЦД ТВ со сателитска програма и музички канали, WI-FI интернет конекција (со доплата).
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, бранч секоја недела. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-02.00 часот, бар на плажа од 10.00-19.00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во тек на престој, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед само во попладневните часови. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци подоцна од 02.00 часот (во зимен периот подоцна од 00.00 часот).
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Kulinarium – Медитеранска кујна, Vitalkuche – ресторан со здрава храна, барови околу хотелскиот комлекс. Со доплата: доктор, чување на деца, перална, фризер, телефон, шопинг ареа, изнајмување на автомобил. WI-FI интернет конекцијата се доплаќа во цел хотел.
Хотелска песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.
Внатрешни и надворешни базени за возрасни, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг, билијард. Со доплата: спортови на вода, спа, масажа. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во текот на вечерните часови понекогаш со жива музика.