http://www.trendyhotels.tr/
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара-Кунду регионот, 15км од аеродромот во Анталија и 25км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 674 во три објекти и Вили.
Стандардни соби (36м²; една спална, едно купатило, макс. 2+1 лица),
Фамилијарни Суити (55 м²; две спални и две купатила, макс.4+1 лица),
Гарден Суити: 26 (55 м²; една спална со голем простор за дневен престој, едно купатило, макс.2+2 лица),
Вили (110 м²; една спална , една дневана соби, кујна со трпезарија, едно купатило, макс. 4 лица) и 7 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со када, туш кабина и фен, централна клима која работи соодветно со временски услови, телефон, простор за седење, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. Сите соби се за непушачи.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, диетална храна, храна за деца, снек ресторани и ресторани на плажа во тек на денот. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , слаткарница, сладолед во тек на денот, A‘la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени овошни и сокови од зеленчук, флаширани пијалоци, собна услуга.
Содржини
Главен ресторан-шведска маса, снек бар на плажа и покрај базен, барови низ целиот хотелски комплекс, A‘la Carte ресторани–Италијанска кујна, кујна од Далечниот Исток, Европска кујна, Грчка, Јапонска и Турска кујна и Стекхаус. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет со ниска брзина во Лобито и во соби е бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна и ситни камчиња плажа на 450 метри од хотелот, лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа не се наплатуваат. Бесплатен превоз со чамец по реката до плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базенот со морска вода во зимниот период ќе се затоплува, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пикадо. Масажа, Spa центарот, салон за убавина, осветлувањето за тениските терени, часови по тенис, рафтинг, школата за нуркање, билијард, водени спортови се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпреварувања покрај базен и на плажа , специјален тим за анимации, жива музика неколку дена во недела. Мини клуб за деца, специјален тим за анимации.