Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac, 15км од Side и 75км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 504 во главна зграда и 14 club згради. Хотелска зграда: Стандардни соби со поглед на копно во главна зграда (28m², една спална соба со брачен кревет+софа, едно купатило, макс.2+1лице), Стандардни соби со поглед на море во главна зграда (25m², една спална соба со брачен кревет, едно купатило макс.2 лица), Hotel Corner Terrace (123m², една спална соба со брачен кревет, едно купатило, џакузи на големата тераса, макс.2 лица), Хотелски фамилијарни соби (44m², две спални соби со врата помеѓу, две купатила, макс.4 лица), Sunrise Jacuzzi suit (137m², една спална соба, една дневна соба со врата помеѓу, две купатила, џакузи на тераса,макс.2+1 лице) и четири соби за лица со хендикеп. Club дел соби: Club еднокреветни соби (12m², еден брачен кревет+софа, макс.1+1 лице, без балкон), club супериор соби (31m², една спална соба со брачен кревет+софа, едно купатило, макс.3 лица), Club фамилијарни соби (52m², една спална соба, една дневна соба со врата која ги поврзува, едно купатило, макс.4 лица)- реновирани 2018), Club duplex фамилијарни соби (65m², една спална соба на приземје, дневна соба со софа, на спрат софа, макс.5лица) – реновирани 2018), Club Begonvil (35m², една спална соба со брачен кревет, една дневна соба со две софи, врата која ги поврзува, едно купатило, макс.4 лица) . Сите соби се со приватно купатило со када или туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сет од кафе и чај, сеф, тепих на под (паркет во клуб зградите), сателитска телевизја и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е бесплатна.
Ultra all inclusive – шведска маса со ран појадок, појадок, ручек, закуска, вечера, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед, слатки. Не е вклучено: специјални и луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата.
Глаевн ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Santa Lucia* (Италијански), Mongol (Монголска кујна), Sunset (Рибен ресторан), Miyako* – Sushi, Volga *(Руска кујна), Ganesha* (Индиска кујна), Moulin Rouge *(Француска кујна), Azteka* (Мексиканска кујна), Tepenyaki* (кујна од Далечен Исток), Sini (Турска кујна), Скара ресторан, Mediterranean* (Медитеранска кујна) барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, шопинг центар, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во сите соби и јавни зони е бесплатна (ниска брзина).
Хотелска приватна плажа, песок и каменчиња со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надоврешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, тениски терени со тврда подлога (само 2 се бесплатни), пинг понг, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, гимнастика, сквош. Се доплаќаат: спортови на вода, тениски терени со земјена површина, осветлување за тениски терени, мини голф, SPA и Wellness центар, масажа, центар за убавина, билијард, куглање, клуб за јавае коњи, професионални терени за фудбал, лизгање на мраз (мин група од 20 лица со резервација 4 дена пред терминот) Забавни програми за возрасни и деца во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.