Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki 12км од Manavgat и 65км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 334. Стандардни соби (34m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби со кревети на спрат (34m², една спална соба одвоена со параван, каде има и кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби (41m², две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4+1 лице), економски соби (25m², една спална соба, едно купатило, макс.2 лица).Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар, сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, бар на плажа и закуски од 10.00 – 18.00. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански, Рибен, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) во лоби е бесплатна.
Хотелска плажа, 250 метри од хотелот (5 минути пешачење), каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, Wellness центар и центар за убавина, масажа, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини кино, мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште, различни програми во текот на денот, мини диско навечер.