Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac 90км од аеродромот во Antalya и 10км од Manavgat.
: Вкупен број на соби 811 во главна зграда и 18 Club згради. Главна зграда: Хотелски стандардни соби со поглед на копно 90 (41m². една спална соба со брачен кревет, едно купатило, макс.2 лица), хотелски стандардни соби со поглед на море 136 (46m²,една спална соба со брачен кревет+единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице), Junior suit 4 (66m². Една спална соба со двоен кревет и дневен престој, едно купатило, макс. 3 лица), Deluxe suit 3 (70m², една спална соба и една дневна соба со врата која ги поврзува, едно купатило, макс.3 лица), corner Jacuzzi suit 4 (118 – 139m², една спална соба со брачен кревет, дневна соба со врата која ги поврзува, џакузи на тераса, макс.3 лица), King suit 3 (275m², две спални соби, две купатила, и две џакузи, макс.4 лица) и Presidential suit 1 (327m², три спални соби, три купатила, две џакузи, макс.4+1 лице). Во club делот од хотелот има Club superior соби 452 (31m²,една спална соба со брачен кревет или двоен кревет+софа, едно купатило, макс.2+1 лице), club Jacuzzi Duplex 108 (70m², две спални соби одвоени со врата, две купатила, има џакузи на горниот спрат, макс.2+2 лица) и 8 соби за лица со хендикеп. Економски соби (се во club делот 20m², без балкон, воглавно на приземје од club зградите, макс. 2 лица). Сите соби се со приватно купатило со када или туш и фен, централен клима уред (кој работи според временските услови), телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво ској ден), сет од кафе и чај, сеф, тепих на под во главна зграда и паркет во club собите, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е бесплатна, балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со пјадок, доцен појадок, закуска наутро и попладне, вечера, закуска доцна навечер. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, свежо цеден сок само за појадок. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, специјални вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Akdeniz (Медитеранска кујна), Santa Lucia (Италијанска кујна), Moulin Rouge (Француска кујна), Volga (Руска кујна), Ganesha (Индиска кујна), Tepenyaki (Јапонска кујна), Miyako (кујна од Далечен Исток), Azteka (Мексиканска кујна), Sini* (Турска кујна), Sunset (Тибен ресторан)*, Mongol* (Монголска кујна) и Скара ресторан*, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, рент а кар, услуга за перење и сушење се доплаќаат. WI-FI интернет конекција со ниска брзина е бесплатна во целиот хотел.
Хотелска приватна плажа, песок и каменчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.
Надворешни и внатрешни базени (има еден Thalasso базен надворешен и внатрешен се доплаќа, и Secret базен само за VIP гости (се доплаќа), аква парк, фитнес центар, сауна, Турска бања, сквош, ѕид за искачување, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал. Се доплаќаат: спортови на вода Secret базен само за VIP гости, куглање, компјутерски игри, тениски терени со земјена подлога(30), часови по тенис, мини голф, SPA центар, уметничко лизгање (мин. 20 лица и 4 дена порано треба да се пријават), клуб за јавање коњи, професионални фудбалски игралишта. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, навечер различни шоуа и специјални програми. За деца од 04-12 години има мини клуб, со програми во текот на денот и навечер. ЗАБАЛЕШКА: * Се услужуваат во Sunrise Resort Hotel