Хотелот се наоѓа во регионот Белек 25 км од аеродромот во Анталија и 40 км од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби 426. Има соби во главната зграда Palace и во Вила блоковите. Palace зграда: Стандарден Junior суит (47м², една спална соба со еден француски кревет + тросед, една бања, макс.2 + 1лице) Palace Дуплекс (80м², двокреветни соби на првиот кат, еден француски кревет на втор кат, две купатила,макс.2 + 2лица) Terrace Suit (96m², една спална соба, една дневна соба, две купатила, многу голема тераса со поглед кон морето, макс.3лица). Вили: Супериор Делукс соби (60м², две спални соби,просторија за седење, една бања, макс.2 + 2лица) Corner соба (47м², една спална соба, една бања, макс.3лица) Lale суит (80м², дуплекс, со две спални соби, две купатила, макс.4 + 1дете) Garden суит (120м², две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс.4 + 1дете) Pasha суит (150м², дуплекс, три спални соби, една дневна соба и три бањи, макс.6 + 1лице). Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, бањарки, папучи, фен за коса, прилагодлив систем за климатизација,телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се надополнуваат еднаш во текот на денот), сеф, тепих на подот во главната зграда и ламинат во вилите, балкон или тераса.
Ултра се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина за време на денот, попладневна ужина, вечера, ужина во ноќните часови, сите локални и стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на оброците, мини бар во собите . Не се вклучени: врвни увезени пијалоци, специјални вина, сокови од свежо овошје, пакуван сладолед. Рестораните А-ла-карт се со доплаќање и само за деца над 12 години, енергетски пијалоци, услуга во соба, наргиле, се доплаќаат. Алкохолни пијалоци не се служат после 02,00 часот.
Главен ресторан за се вклучено-услуга, снек бар, Turk Caffee, бар покрај базен и на плажа, диско бар, ресторани А-ла-карт:Mermaid – рибен ресторан,Dragon- кујна на далечен исток, Sini – турска кујна, Limone- италијанска кујна. Докторска услуга, бебиситер, перење и чистење, фен за коса, трговски центар, телефон, факс, интернет,компјутерски игри, изнајмување автомобил се наплаќаат. WI – FI Интернет-врската во општи области е бесплатна. Интернет-конекцијата со голема брзина е со доплаќање.
Приватна плажа на хотелот, песоклива, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа бесплатно. Приватните павиљони на плажа се со претходна резервација и со доплаќање.
Отворен и затворен базен, базени со лизгалки на вода, базени за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка. Со доплата: Отворен олимписки базен и Половина олимписки базен – затворен простор, водни спортови, светло за тенис на тениски терени, спортска опрема, билијард, опрема за голф , СПА и велнес центар, професионално фудбалско игралиште. Забавни програми во текот на денот, разни натпревари за возрасни и деца, во вечерните часови. Мини клуб за деца од 00 – 12 години во различни возрасни групи, со специјални програми во текот на денот и вечерта.