Хотелот е лоциран во областа Чамјува, 7км од Кемер и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 450 бунгалови. Стандардни соби 350 (23м², макс 2+1 лица), фамилијарни соби 70 (27м², две спални одвоени со врата, купатило, 2+2 лица), суит соби 17 (56м², макс 4+1 лица, две спални, дневна соба, купатило), дуплекс суит соби 4 (117м², макс 6+1, две спални на горниот кат, спална и дневна на долниот кат, купатило) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со када, фен, сплит клима, телефон, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали, тепих, балкон.
Услуга
Ултра се вклучено – швеска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневен чај и колачи, вечера и доцна ужина, свежо цеден портокал за појадок, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сладолед, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот. Специјални вина, Турско кафе, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, наргиле, пијалоци во Elite бар, собна услуга се наплатуваат.
Содржини
Papaya – главен ресторан со шведска маса, детска и диетална храна, A’la Carte ресторани: D’oro Olive – италијански, Poseidon – рибен, Anadolu – турски, Sun Dragon – кујна на далечниот исток, барови во хотелскиот комплекс и на плажа снек бар. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перална, продавници, rent a car се наплатуваат.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња и песок, лежалки, чадори и пешкири не се наплатуваат. Приватните павиљони се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворени базени, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка, кошарка, одбојка на плажа. Велнес и салон за убавина, фризер, водени спортови, билијард, осветлување на тениски терени, часови и опрема се наплатуваат. Забавни програми и натпревари во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца со специјални програми.