Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy на 3км од Side и 71км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 475 во главна и во две annex згради. Стандардните соби се наоѓаат во главна или во анекс зградите (23-28m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Suit соби (35m², главна зграда, две одвоени спални соби, едно купатило, макс.3лица), Фамилијарни duplex соби се во annex зградата (53m², duplex, долу една спална+софа+купатило; на спрат спална соба со спална и купатило со џакузи, има врата помеѓу спратовите, макс.4+1 лице), Фамилијарни соби (33m², во главна и во annex зграда, две спални соби со врата помеѓу, купатило, макс.4 лица), Swim up соби во главна зграда на приземје во делот од градината (24m², директен пристап до базенот, макс. 2 лица, во овој тип на соба не се дозволува престој на деца), Terrace соби (28m², главна зграда со поглед на море, една спална соба, едно купатило, тераса, макс.2+1 лице). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред кој работи во одредени часови во зависност од времнските услови, мни бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, ламинатен под, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција до 2Mb, балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појдок доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни ужини, бифе доцна навечер, сладолед попладне, свежо цедени сокови само за појадок, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација и самое ден ресторан може да се користи еднаш за време на престојот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: лускузни увозни пијалоци, , специјални вина, сите флапирани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалоци, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, Италијански, Кинески, и Рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во општите области до 2MB.
Хотелска плажа- песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: масажа, билијард, интернет катче и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тениски терени и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години и Junior club од 12-16 години со различни активности и програми.