Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, оддалечен 70км од аердромот во Анталија и 7 км од градот Сиде.
Вкупен број на соби 357 лоцирани во хотелска зграда и бунгалови. Стандардни соби (25m²; една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица), Економски соби (23m², без балкон, макс. 2+1 лице) Стандардни соби со кревети на спрат (25m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби (43m², две спални соби (не се одвоени со врата), едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, сателитска ТВ, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сет за кафе и чај, WI-FI интернет конекција и балкон, плочки на подот (тепих во суит), папучи, бањарки, некои од собите се со Француски балкон.
Ultra All Inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, детски ресторан со шведска маса, палачинки, ресторан на плажа (ужина), сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24:00 часа на ден, сладолед во одредени часови, пијалоци од концептот во Диско клуб до 02:00 часот. Не е вклучено: останати увозни пијалоци кои не се вклучени во концептот, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, наргиле, послуга во соба. Smurf’s детски ресторан, диетална шведска маса, оброци без глутен (на барање), Seastar ресторан за ужина, Kid’s corner, слаткарница, сладолед.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, рибен, Азиска кујна, барови околу хотелскиот комплекс Lobby Terrace бар, Ocean Beach бар и Amphitheater бар. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање (соба за пеглање – бесплатно доколку гостите сами пеглаат), фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во хотелот е бесплатна.
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и доплата.
Надворешни и внатрешни базени, Аква Парк, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, терен за кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна и Турска бања се бесплатни. Џакузи, масажа, осветлување за тениски терени, билјард, компјутерски игри, Wellness & SPA центар, спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавни програми со дневни програми покрај базенот и на плажа за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Специјален дел од хотелот за деца – Children’s World. Mr. Crab – ресторан за деца со мали маси и столици, одредени места за играње во текот на денот, спални соби за деца и бебиња, базен со аква парк за деца со сенка, разни активности…. Mini Fun Fair, мини Disco во вечерните часови, сите потребни подобности за Вашите деца да уживаат.