Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki 6км од Side и 70км од аеродромот во Antalyа.
Вкупен број на соби 287. Стандардни соби (26m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), фамилијарни suit соби (32m², две спални соби со врата на лизгање помеѓу, едно купатило, макс.4 лица). Сите соби се со приватно купатило со када и фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува само со вода секој ден), сеф (се доплаќа), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, послуга во соба, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите пијалоци во Disco.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Морска храна, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет пристап во лоби и во собите е бесплатен.
Хотелска плажа, (300 метри од хотел), камчиња и песок, со бесплатни лежалки и чадори за сонце.
Надворешни и внатрешни (затворени во летна сезона) базени за возрасни и деца, три лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терен и опрема за тенис, Wellness центар, масажа, билијард и центар за играње. Забавни програми- анимации. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште и мини диско навечер.