Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy на 7км од Manavgat, 4км од Side и 67км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 480. Стандардни соби (20m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), фамилијарни соби (40m², две спални соби одвоени со врата помеѓу, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби со кревети на спрат (30m², една голема соба со кревети на спрат+спална, едно купатило, макс.4 лица) и 4 соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува само со вода секој ден), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе и колач, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и и само еднаш за време на престојот во еден од нив. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, Турско кафе, послуга во соба, сите пијалоци во Wellness центар, пијалоци по 24.00 часот, пијалоци во Disco club.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар, се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во лоби и јавни места е бесплатна.
Хотелска плажа, каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, Турска бања, сауна, Wellness центар и центар за убавина, масажа, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца.