Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki , 5км од Side и 48км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 564. Супериор стандардни соби (40m²; една спална соба и едно купатило, макс3+1 лице), Duplex фамилијарни соби (60m²; на спрат една спална соба и купатило и долу спална соба за деца и купатило со туш, нема врата помеѓу, макс.4 лица), Фамилијарни соби со врата што ги поврзува(60m²; две спални соби, едно купатило, има врата помеѓу собите, макс.2+2лица), Junior suits (70m²; една спална соба, една дневна соба, две купатила и џакузи во спална, макс2+1 лице), King suits (100m²; две спални соби, една дневна соба, две купатила, едно со џакузи, макс.2+2 лица) и 5 соби за лица со хендикеп. Собите се со страничен поглед на мрое, со поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со туш или када, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај,сеф, тепих на под, LCD TV со сателитски програми, WI-FI интернет конекција, балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, доцна навечер закуска, бифе со диетална храна, бифе за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, услуга за сладолед за време на вечерата, мини бар во собите. Не е вклучено во ultra all inclusive концептот: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени овошни сокови и сокови од зеленчук, увозен шампањ, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Dulciena –Италјанска кујна, Firuze –Турска кујна, Dorado – Морска храна и Zen – кујна од Далечниот Исток, Dorado – Рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и сушење, шопинг зона, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во собите и во целиот хотел е бесплатна.
Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни (затворени во лето) базени за возрасни и деца, аква парк со лизгалки на вода, Фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA и центар за убавина, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, куглање, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, fun fair и мини клуб за деца од 04-12 години