https://www.galahotels.com/en/Hotel/turkey_2/kemer_669514/residence_rivero_hotel_2216590
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, 55 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 173.
Сите соби се стандардни ( една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Сите соби се со купатило, фен, клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), сателитска телевизија и музички канали.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини на плажа, кафе и колачи во попладневните часови, вечера. Сите алкохолни и безалкохолни пијалаци (пиво, точено вино, водка, џин, ракија, концентрирани овошни сокови, чај, кафе, вода, минерална вода). Во барот на плажа само вода и концентрирани овошни сокови се бесплатни, храна и други пијалаци со доплата. Не се вклучени : увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, енергетски пијалаци, Турско кафе.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар на плажа, лоби бар и слаткарница. Доктор, чување на деца, перална, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола – дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет со доплата.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња на 650 м од хотелот, лежалки и чадори бесплатни. Пешкири за на плажа со доплата. Бесплатен трансфер до плажа.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, водена лизгалица, Турска бања, пингпонг. Со плаќање: масажа, билјард и водени спортови. Забавни програми во тек на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години.