Хотелот се наоѓа во областа Gundogdu, 16км од Side и 60км од Antalya.
Вкупен број на соби 290 во три блокови. Стандардни соби (25m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице), фамилијарни соби (50m², две одвоени спални соби и едно купатило макс.4 лица), супериор соби (30m², една голема соба со спална и два единечни кревети, макс.2+2 лица) и две соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар(се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), елетричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција со ниска брзина, балкон или Француски балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, бар покрај базен и бар за закуски на плажа, вечера, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, бар на плажа со закуски и пијалоци од 10.00- 18.00 часот, сладолед за време на одредени часови во текот на денот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за престој во еден од нив. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Ottoman restaurant – Турска кујна, Verona – Италијанска кујна, бар за закуски покрај базен, Vitamin бар, бар на плажа, лоби бар. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, интернет кафе, шопинг зона се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е бесплатна во целиот хотел и на плажа.
Хотелска плажа, 600 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Бар на плажа, кабини за пресоблекување и тушеви се достапни на плажа. Има превоз до плажа,кој е бесплатен.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, шест лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, масажа, SPA и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.