http://www.hanehotels.com/
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 60км од аеродромот во Анталија, 8км од Side.
Сместување
Собите се наоѓаат во пет блокови.
Стандардни соби (24m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица),
Економските соби се исти како стандардните само на прв спрат насочени кон улица,
Фамилијарни соби (48m², две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс.4+1 лице).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, сеф (се доплаќа), мини бар (се дополнува со вода и минерална вода секој ден), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали.
Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, колачи, закуски во барот на плажа, сладолед двапати дневно во времетраење од половина час, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, полноќна супа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, бар за закуски на плажа. Не е вклучено во all inclusive концептот: сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, Турско кафе, сите пијалоци во Disco club и Vitamin bar.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар за закуски на плажа, A’la Carte ресторани – Рибен ресторан и Турска кујна, лоби бар, бар покрај базен, витамин бар. Доктор, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, компјутерски игри се доплаќаат.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, оддалечена 300м од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири на плажа.
Спорт и забава
Надворешени и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања,, сауна, тениски терен, одбојка на плажа, пикадо се бесплатни. Mасажа, осветлување за тениски терен, билијард, компјутерски игри, спортови на вода се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот и програми во текот на вечерта. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.