Положба
Хотелот се наоѓа во областа Konakli , 13км од Аланија и 109км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 312. Стандарни соби (22м², една спална соба, едно купатило макс.2+1 лице), фамилијарни соби (37м², макс. 4 лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима ( која работи во зависност од временските услови), телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден ), сеф, плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, услуга со ужинка од 11.00-17.00, кафе пауза во попладневните часови, вечера, полноќна супа. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A‘la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот ( не е дозволено за деца под 12 години). Премиум увозни пијалоци, флаширани пијалоци, коктели, свежо цедени сокови, услуга во соба дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A‘la Carte ресторан, лоби бар и бар крај базенот. Доктор, чување деца, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-Fi конекција е со доплата.
Плажа
Хотелска плажа, песочна и со ситни камчиња. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, пешкири за на плажа се со депозит.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, пинг понг, Турска бања, сауна, тениско игралиште. Сауна, масажа, одбојка на плажа, спортови на вода, СПА & центар за убавина, компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и вечерта. Мини клуб за деца 04-12 години.