Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, оддалечен 75км од аеродромот во Анталија и 7км од античкиот град Сиде.
Вкупен број на соби 493. Економски соби (30-33м², една спална соба, едно купатило, мах.2+2 лица), Стандардни соби (30-33м², една спална соба, едно купатило, мах.2+2 лица), Супериор соби (33-50м², една спална соба, едно купатило, мах.2+2 лица), Дуплекс фамилијарни соби (45м², една спална соба, едно купатило, мах.3 лица), Фамилијарни соби (58м², две спални соби, едно купатило, мах.4+1 лице), Суит соби (70м², две спални соби, едно купатило, мах. 4 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, балкон, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при доаѓање, секој ден се дополнува само вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска телевизија и музички канали, Wi-Fi интернет конекција, сеф, под со ламинат.
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни и вечерни закуски, сите локални и стандардни увозни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот. Не е вклучено: премиум алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, сладолед во пакување, специјални вина, собна услуга, A’la Carte ресторани со предходна резервација и доплата, Coffee Trainer – специјална продавница за кафе.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: турски, рибен и мексикански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, чување на деца, перална, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување на автомобил. Wi-Fi интернет конекцијата на јавните површини е бесплатна.
Хотелска приватна, песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. ВИП паваљоните се со предходна резервација и се плаќаат.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк со 27 тобогани, фитнес центар, кошарка, турска бања, сауна, мини голф, пинг-понг. Со доплата: масажа, спа и велнес центар, куглање, јавање на коњи, тениски терени и опрема за тенис, осветлување на тениските терени, спортови на вода. Завани програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, специјални програми навечер. Мини клуб за деца и тинејџери со дневни програми.