Хотелот е лоциран во Лара, 12 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот.
Сместување
Вкупен број на соби 322. Стандардни соби 270 (24m²,една сплана соба, купатило, максимум 2+1 особа ), фамилијарни соби 39 (45m², две одвоени спални соби, купатило, максимум 4 особи ) , 4 апартмани (45m², две спални споени со врата, купатило, максимум 4 особи ) . 10 економски соби (22m², спална соба, купатило со када , максимум 2 особи) . Сите соби имат купатило со туш кабина, фен, централен клима уред , директна телефонска линија, мини бар( вода, негазирани пијалоци и пиво се дополнува секој ден ) , котел, сет за чај и кафе, сеф, сателитска телевизија со музички канали, ВИФИ, ламинатен под, балкон .
Услуга
ултра се вклучено- шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и доцна навечер, 24 часа храна и пијалоци, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежи овошни сокови за појадок, мини бар со негазирани пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секојдневно, сладолед , Ала карт ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено- луксузни увозни пијалоци , флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина , енергетски пијалоци и свежи овошни сокови после појадок, собна послуга.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, Ала карт ресторани-турски, рибен и интернационален, барови околу хотелскиот комплекс, доктор, перење и сушење на алишта, фризер, телефон, факс, интернет катче , компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. ВИФИ интернет е со мала брзина и не се доплаќа.
Плажа
Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори и пешкири кои не се доплаќаат. Менувањето на пешкири се доплаќа.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, лизгалки на вода, тениски терени, кошарка, гимнастика, одбојка на плажа, турка бања, сауна, парна соба, џакузи. Со доплата се – спортови на вода, осветлување на тениските терени, билијард, масажа и третмани во спа центарот. Забавни програми во текот на денот покрај базенот и на плажа, натпревари, забавни програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјални програми во текот на денот и вечерта.