Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy , на 2км од Side и 65км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 327 клуб згради кои се со 2 – 3 спратови. Стандардни соби (20m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице, се наоѓаат во Клуб делот од хотелот), Економски соби (18m², една спална соба, едно купатило, макс 2 лица, се наоѓаат на задната страна од хотелот близу до аква паркот), Фамилијарни еко соби (26m², една голема соба, едно купатило, макс.4лица, се наоѓаат во клуб делот од хотелот), Фамилијарни делукс соби (26m², една голема спална соба, едно купатило, макс.4 лица, се наоѓаат во главна зграда), Апартман соби (45m², една или две спални соби, една дневна соба, дел за кујна, едно купатило, макс.4+1 лице, се наоѓаат во клуб делот од хотелот. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред или поединечен клима уред, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој втор ден) електричен бокал, сет од кафе и чај, ламинатед под или керамички под, сеф, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, сладолед попладне, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еден ресторан може да биде користен еднаш за време на престојот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, сладолед за време на одредени часови попладне, пијалоци во Disco club до 02:00 часот (во Melas Resort Hotel ). Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, Рибен и Интернационални ресторани, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е достапна во целиот хотел.
Хотелска плажа – песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Менување на пешкир на плажа се доплаќа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, четири лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, сквош, мини голф. Се доплаќаат: масажа, билијард, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тениски терени и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми, Мини Диско навечер.
ЗАБЕЛЕШКА: Хотелот не е погоден за лица со хендикеп поради големиот број на скали околу хотелот. Гостите од Melas Holiday можат да го користат само Disco Club во Melas Resort Hotel, сите останати содржини гостите ги користат од сопствениот хотел во кој престојуваат.