Хотелот се наоѓа во регионот Белек 33 км од аеродромот и 45 км од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби 743 сместени во главната зграда и клуб соби. Клубски стандардни соби (32м², во клубскиот дел, една спална соба, една бања со туш кабина, макс.2 + 1лице) Стандардни соби со поглед на градина (32-34м², главна зграда и Клуб зграда, една спална соба, една бања, макс .2 + 2лица, со поглед на градина) Стандардни соби со поглед на море (32-34m², во главната зграда и клубскиот дел , една спална соба, една бања, макс.2 + 2лица) Classic Plus соби (30м², главна зграда и во клубскиот дел , една спална соба, една бања, павиљон на плажата е вклучен во цената макс.2 + 2лица) Клубски фамилијарни соби(65м, во клубскиот дел, една спална соба, една дневна соба со врата измеѓу, една или две бањи, макс.4 + 2лица) Quadruple соби (37м², главна зграда, една спална соба, една бања, макс.3 + 1лице) Јуниор суит (45м², главна зграда, една спална соба, една дневна соба одделена со врата, една купатило, макс.3 + 1лице) Делукс суит (180м², главна зграда, една бања, една дневна соба, една бања со џакузи, посебен тоалет, голема тераса, макс.3 + 1лице) Фамилијарни суити (123м², клубска главна зграда , една спална соба, една дневна соба, купатило со туш кабина, макс.4 + 1лице) и соби за хендикепирани лица (32-34м², четири соби се во главна зграда, четири во клубскиот дел). Сите соби се со балкон или тераса, купатило со туш кабина, фен за коса, бањарка, влечки, централна клима кој работи според временските услови,телефон, мини бар (минерална вода, вода, безалкохолни пијалоци, пиво се надополнуваат секој ден) ,сет за кафе и чај,тепих или ламинат, сеф, сателитски ТВ програми и музички канали, балкон или тераса. (во стандардни простории за 3. и 4 лица е предвиден преклопен кревет по лице)
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, време за сладолед попладне, вечера, ужина во ноќните часови. Сите локални и некои увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, сладолед и пуканки за време на одредени часови, сок од свежо овошје само за појадок. Не се вклучени: специјални увезени пијалоци, шампањ, ресторани А-ла-карт со претходна резервација и со доплата , пијалоци во Диско клуб по 02,00 часот,услуга во соба.
Главен ресторан Sante – шведска маса, ресторани А-ла-карт -Turca (турска кујна),Akdeniz (медитеранска кујна),Livar (рибен ресторан), барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, пеглање,интернет, фен за коса, изнајмување автомобил, трговски центар се со доплата.
Приватна плажа на хотелот -со песок,лежалки, чадори за сонце,пешкири за плажа,душеци не се наплаќаат. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.
Надворешни и затворени базени за возрасни и деца (има два базени со морска вода), Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени,пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка се бесплатни. Не се вклучени во цената и се доплаќаат: осветлување за тениски терени, масажа, СПА и центар за убавина, билијард, компјутерски игри, моторизирани спортови на вода,часови за нуркање. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен, во вечерните часови шоу програма. Pino Kid’s Kingdom- Мини клуб за деца од 04-12 години со програми во текот на денот и мини диско навечер. Паркот на Лина се доплаќа.