Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, на 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 233. Комфорт стандардни соби 69 (18-25м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица), стандардни соби 99 (16-25м², макс.3 лица), Court yard соби 57 (16м², макс.2 лица, економски соби, кој гледаат во внатрешниот дел на хотелот, без балкон), фамилијарни соби 8 (45м², макс.3+2 лица). Сите соби се со купатило со туш и фен, централна клима, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (вода и сокови на пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, плочки или ламинат на подот, балкон или тераса. Wi-Fi интернет конекција се наплаќа.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, попладне кафе, вечера, стандардни локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00ч. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, сите пијалоци по 23.00ч, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, Турско кафе, храна и пијалоци во барот на плажа, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, бар на плажа. Доктор,перална, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, дополнително се наплаќаат. За Wi- Fi интернет се доплаќа.
Плажа
Хотелот е на плажа, со камчиња, Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен со дел за деца, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, Турска бања, сауна, фитнес. Спортови на вода, масажа и билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми со жива музика.
Напомена: Хотелот е реновиран 2016