Хотел KLEOPATRA BEACH HOTEL****
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија, спроти познатата Клеопатра плажа, 118км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 203.
Стандардни соби (22-24м², една спална, една бања, макс 2+1 лица).
Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), тепих или плочки на под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечера, попладне кафе и колачиња, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23.00ч., безалкохолни пијалоци во барот на плажа од 10.00-17.00 ч. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, сладолед, Турско кафе, храна и пијалоци после 23.00ч дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар и бар покрај базен. Доктор, перална, телефон, факс, интернет, rent a car, продавници дополнително се наплатуваат.
Плажа
Плажа на 30м од хотелот, песочна, лежалки и чадори за сонце се наплаќаат. Само покрај базенот лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, фитнес, пинг понг, одбојка на плажа. Спортови на вода, Турска бања, масажа, сауна, билијард дополнително се наплаќаат. Забавна програма двапати во неделата.