Хотел KLAS HOTEL****
Положба
Хотелот е лоциран во областа Kargıcak, 140км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот на Аланија.
Сместување
Вкупен број на соби 100.
Сите соби се стандардни, (28м², еден француски кревет+еден двоен кревет+една софа, макс.2+2 лица).
Сите соби се со купатило со туш или када, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, плочки на подот и балкон.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај и кафе, вечера и полноќна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 11.00 до 23.00ч., снек бар и пијалоци на плажа од 11.00 до 18.00ч. Дополнително се наплаќаат – увозни пијалоци, храна и пијалоци по 23.00ч, сите пијалоци во диско, свежо цедени сокови, услуга во соба, Турско кафе, коктели, A’la carte ресторани, алкохолни пијалоци во бар покрај плажа.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, еден A’la Carte ресторан, бар покрај базен и бар на плажа. Доктор, фризер, перална, телефон, факс, интернет кафé и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња (има тунел преку патот), лежалки на плажа и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за на плажа се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен со дел за деца, три лизгалици на вода, пинг понг, фитнес, одбојка на плажа. Спортови на вода, Турска бања, масажа, се наплаќаат.