Хотелот се наоѓа во регионот Белек 30 км од центарот на градот Анталија и 25 км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 464. Стандардни соби (29 м², една спална и една бања, макс.2 + 1лице), 5 простории за хендикепирани лица (29м², специјално дизајнирани) Фамилијарни соби (64m², макс.4лица- две спални соби разделени со врата, дневна соба, две купатила) Kids Suit (49м², макс.4лица – две одделни спални со француски кревет, една бања, специјално украсена за деца) Junior Suit (55м², една спална соба, еден дневна соба, една бања, макс2 + 1лице) Sun Swim up Villa (37m², макс.4лица, една спална соба, една бања со туш кабина, можат да бидат на приземје или на првиот кат,лоцирани во градината) Star Swim up Villa ( 71м², две спални соби, една дневна соба, една бања со туш кабина, може да биде на приземје или на првиот кат, сместена во градината) Selection Villa (120м², две спални соби со купатила со џакузи, една дневна соба,лоцирана во градината , приватна градина и павилјон на плажа) Senior Suit (54м², една соба и една спална и бања со џакузи) King Suit (134м², на најгорниот кат на хотелот, една спална соба, голем салон, бања со џакузи) King Villa (190м², три спални соби, две купатила, соба за бебиња, дневна соба, приватна градина и базен, павилјон на плажа). Собите се со сопствено купатило со када или туш кабина и фен, централен систем за климатизација, телефон,мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се надополнуваат секој ден),сет со чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали , балкон или тераса.
Ултра се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужини во текот на денот, вечера, ужина во вечерните часови, домашни и стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, свежи овошни сокови во Витамин барот. Не се вклучени: Рестораните А-ла-карт се со резервација однапред (3 дена пред тоа), премиум виски, VSOP и други увозени коњаци, увозен шампањ, избор на вина,цигари и услуга во соба.
Главен ресторан Јасмин за се вклучено услуга-шведска маса, ресторани А-ла-карт – Oliovio – италијанска кујна, Ja La Peno – мексиканска кујна, Umami sushi & Asian Restaurant (кујна од далечен исток, за деца под 12 години не е дозволен влез),Okakabasi – Турска кујна, Del Mar – рибен ресторан. Има снек барови,покрај базенот, Vitamin Bar, лоби бар и Диско клуб бар. Wi-Fi (мала брзина) бесплатно. Лекарска услуга, бебиситер, перење и чистење, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, трговски центар, фен за коса, изнајмување автомобил ,се наплаќаат дополнително.
Приватна плажа на хотелот,лежалки, чадори за сонце,пешкири и душеци бесплатно. Павиљоните на плажата се со претходна резервација и се доплаќаат.
Отворен и затворен базен за возрасни и деца (има посебен лифт за хендикепирани гости во базенот за анимација), Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, гимнастика, пинг-понг, мини фудбал,одбојка на плажа, мини голф не се наплаќаат. Не е вклучено во цената: спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, SPA & Wellness, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот за возрасни и за деца, натпревари покрај базен и на плажа. Во вечерните часови, специјалните шоу-програми се менуваат секој ден во текот на неделата. Мини клуб за деца од 00 – 16 години во возрасни групи со различни програми во текот на денот и навечер (детско кино, авантуристички парк).