Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy 2км од Side и 65 км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 680 во Хотелска зграда, Resort згради, Garden згради и во Beach зграда. Хотелски стандардни соби (25-30 m², една спална соба, едно купатило, ламинатен под, макс. 2+1 лице), Хотелски фамилијарни соби (48m², две одвоени спални соби, едно купатило, ламинатен под, макс. 4 лица), Resort стандардни соби (25-32m², се наоѓаат во ресорт двоспратни и троспратни згради веднаш до базените, една спална соба, едно купатило, тепих на под, макс. 2+1 лице), Resort фамилијарни соби (41-53m², две одвоени спални соби, едно купатило, тепих на под, макс. 4 лица), Beach стандардни соби (22-28m², блиску до плажа со директен поглед на море, една спална соба, едно купатило, керамички под , макс. 2+1 лице), Garden стандардни соби (22-25m², се наоѓаат во задниот дел од хотелскиот комплекс, една спална соба, едно купатило, керамички под, макс. 2+1 лице). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред, мини бар, сеф, сателитска телевизија и музички канали.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, сладолед попладне, A’la Carte ресторани (La Roseta, Lotus, Tex Mex) со претходна резервација и само еден ресторан може да се користи еднаш за време на престојот, сите локални и седум различни стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, A’la Carte ресторани (Nile Beach Турски и Рибен), послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Nile Beach – Турска кујна, Lotus – кујна од Далечниот Исток, Tax Max – Мексиканска кујна, La rosette – Италијанска кујна, Nile Beach – Рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција на јавни места е бесплатна.
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терен, пинг – понг, одбојка на плажа. Со дополнителна наплата се: масажа, билијард, интернет и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тениски терен и часови по тенис, SPA центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, во вечерните шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 11 години и јуниор клуб од 12-17 годии со различни активности и програми.