Хотелот се наоѓа во областа Евренски, оддалечен 8км од Сиде и 65км до аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 389, распределени во седум згради. Стандардна соба (18м²; една спална и едно купатило, мах. 2+1 лице), Економски соби (17м², поглед кон улица без балкон, мах. 2 лица), Супериор соби (22м², една поголема соба, едно купатило, мах. 3 лица), Фамилијарни соби со две спални (36м², две одделни спални соби, едно купатило, мах. 4 лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода се надополнува секој ден), сеф (со доплата), LCD телевизор со сателитска програма, балкон.
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински ужинки, ручек, попладневни ужинки,вечера, доцни вечерни ужинки, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 00:00 часот, бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот. Не е вклучено: увезени пијалоци, свежо цедени сокови, турски и увезени вина, увезен шампањ,собна услуга, A’la Carte ресторани со претходна резервација и дополнителна наплата, сите пијачки во диско.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани со tурска кујна, морска храна, бар на плажа од 10:00 – 16:30 часот. Барови низ целиот хоелски комплекс. Со доплата: доктор, чување на деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерски игри и изнајмување на автомобил. Wi-Fi интернет конекцијата во лобито е бесплатна.
Хотелска приватна, песочна плажа, оддалечена 300м од хотелот. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа и пинг-понг. Со доплата: масажа, СПА и центар за убавина, билијард, осветлување на тениските терени и сите спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.