http://www.grandparklara.com/
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 14км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот.
Сместување
Вкупен број на соби 896 во 8 меѓусебно поврзани згради.
Стандардни соби: (22м², една соба, купатило, макс.2+1 лица),
Фамилијарни Делукс соби: (36м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.3+1 лица),
Фамилијарни Елит соби: (50м² ,две спални одвоени со врата, една дневна, едно купатило, макс.5+1 лица) и 4 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува само со вода), сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон само во фамилијарните соби, стандардните соби се без балкон, подот е покриен со ламинат, безжичен интернет со доплата.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци,во одредено време попладне сладолед, храна и пијалоци во барот на плажа од 11:00 – 17:00 . Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални увозни вина, свежо цедени сокови, A’la Сarte ресторани со претходна резервација, храна и пијалоци после 24.00 часот дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Сarte ресторани-Турски, Италијански и Рибен, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплаќа. Безжичен интернет во Лобби и ресторан не се наплатува.
Плажа
Хотелска песочна плажа, на 200м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, сауна, соба со пареа, гимнастика, пикадо, фитнес центар. Спортови на вода, билијард, масажи и Спа третмани се наплатуќаат. Забавна програма преку целиот ден и шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04-12 год.