Хотелот е лоциран во областа Лара, 14км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот на Анталија.
Вкупен број на соби 559. Стандардни соби (25-32м², една спална и едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни Делукс соби (33-47м², една голема спална и едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни Елите соби (48м², две спални со врата помеѓу, едно купатило, макс.2+2 лица), Дуплекс Фамилијарни Гарден соби (лоцирани се во градина, спални се на секој кат и не се изолирани со врата но без можност од горниот кат да се гледа долниот кат, едно купатило, макс.4 лица), исто така има соби и за хендикепирани лица. Сите соби се многу луксузно декорирани со купатила со када, фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сеф , тепих на подот, сателитска ТВ. Повеќето соби имаат балкон. Некои од собите се со француски балкони.
Fame стил Се вклучено-појадок, доцен појадок, A‘la Carte појадок (со претходна резервација), ручек, ужина во Café Fame Snack простор и покрај базенот, вечера, супа доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00ч., кафе, чај, сладолед (14:00-16:00ч.), вино, пиво. Увозните пијалоци, свежо цедени сокови, флашираните пијалоци и пијалоците во мини барот (освен вода), сите алкохолни пијалоци од 03.00–10.00ч, наргиле, пијалоците во Диско клубот дополнително се наплатуваат.
Главен ресторан со тераса, A’la Carte ресторани: Pasha-турска кујна, Logos-италијанска кујна, Mermaid (рибен ресторан), Dragon (кинеска кујна), Cancun (мексиканска кујна). Барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, сервис за перење и пеглање, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет, rent a car, шопинг центар, превоз до центарот на Анталија се услуги кои дополнително се наплатуваат. Интернетот во лобито е бесплатен.
Хотелска приватна плажа – песок, со лежалки , чадори за сонце и пешкири за на плажа кои не се наплатуваат.
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, четири лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, Џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа. Спа и Велнес центар, масажа, солариум, осветлување за тениските игралишта, фудбалски игралишта, куглање, билијард и спортови на вода се наплатуваат. Забавни програми со професионална екипа во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Јуниор клуб за тинејџери од 12-16 год.