Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki , 55км од аеродромот во Antalya, 12км од Manavgat и 8км од Side.
Хотелот се наоѓа во областа Kizilot, Side, 80км од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупен број на соби 834. Стандардни соби (вклучувајќи 8 соби за лица со хендикеп, 35m²,една спална соба, едно купатило,макс.3+1лице), Економски соби (22,5m², една спална соба, едно купатило, со Француски балкон само за 2 лица); Дуплекс фамилијарни соби (48m²; две спални соби, нема врата врата помеѓу два спратови, едно купатило, макс. 3-4 лица); Junior suits (50m²; една спална соба и една дневна соба, едно купатило, макс. 3 лица); Дуплекс фамилијарен суит (55m²; две сплани соби, една, една дневна соба, пет од нив се со по 2 купатила, макс. 4+1 лице), Honeymoon suits (95m²; една спална соба, една дневна соба, едно купатило со џакузи, LCD TV и DVD, макс. 2+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци секој ден), сеф, тепиџ на под, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет до 124Mpbs , балкон.
Ultimate all inclusive – 24 часа услуга за храна и пијалоци. Освежувачки пешкири за добредојде и традиционален Турски пијалок– sherbet при пристигнување, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, бифе за диета, специјално бифе за деца, ресторани за закуска во текот на денот, услуга за сладолед од16:00-18:00 часот, попладне колачи и кафе и чај, A’la Carte ресторани (Istanbul, Mexico и Venezia) навечер со претходна резервација и еднаш за време на престојот (деца под 7 години не им е дозволен влез), локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе во Мини клуб. Не е вклучено во ultimate all inclusive: Увозни премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, послуга во соба, свежо цедени сокови, увозни алкохолни пијалоци од 23:00-10:00 , наргиле кафе, A’la Carte – Grill House и Sailor ресторан.
Главен ресторан – Admiral, со шведска маса, A’la Carte ресторани – Istanbul (Турска кујна), Mexico (Мексиканска кујна), Venezia (Италијанска кујна), Sailor (Рибен ресторан), Turkish Grill House – скара, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, шопинг центар, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција до 120Mpbs е бесплатна во целиот хотел.
Хотелска приватна плажа- ситни каменчиња, со бесплатни лежалки и чадори за сонце, пешкири на плажа со депозит. (има тунел под патот до плажа)
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, тениски терени, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, џакузи се бесплатни. Масажа, Spa центар за здравје и убавина, SPA базен, сите видови на спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард и компјутерски игри се доплаќаат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми навечер. Krispy Kids World – мини клуб за деца од 04-12 години, достапни се во текот на денот и мини диско навечер.