Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac, 75км од аеродромот во Анталија. 15км од античкиот град Side.
Вкупен број на соби 688 во главна зграда, Select Villas и во Клуб зградите. Главна зграда: Хотелски стандардни соби (29m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2лица), Хотелски дуплекс соби (44m²; на спрат спална соба со спална, долу два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 лице). Select Villas област: Select стандардни соби (30m², една спална соба со спална+единечен кревет+софа, едно купатило, макс.2+2 лица), Select Дуплекс (50m², на спрат една спална и едно купатило, долу двојни кревети и едно купатило, има врата помеѓу, макс. 4+1 лице), Select Junior suits (45m, една спална соба и една дневна соба, едно купатило, макс. 3+1 лице), Select Senior suits (65m², дуплекс, две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс. 5+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен и сет во купатило, централен клима уред кој работи според временските услови, сеф, mini bar (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сет од кафе и чај, LCD TV со сателитски канали, балкон или тераса, WI-FI интернет конекција во Хотел и Select собите.
All Inclusive- шведска маса со појадок, ручек и вечера, брза храна на плажа и во Aqua Snacks, попладневен чај, кафе, торти и супа за време на полноќ, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација. Не е вклучено во all inclusive концептот: увозни пијалоци, шампањ, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, послуга во соба и услуга за дополнителен пијалок. За гостите во типот на соби Select villa има достапен select концепт.
Sofra – главни ресторани со шведска маса, A’la Carte ресторани: Bellona Zargana – Медитеранска кујна, Dragon – Кинеска кујна, El Torito – Мексиканска кујна, Paradise бар на плажа, лоби бар, Aqua Snack бар, Диско клуб. Докторски услуги, бебиситер, фризер, услуга за перење, послуга во соба, телефон и факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и во собите.
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири на плажа.
Прекрасен Aqua-Park со 14 лизгалки, за возрасни и деца, надворешни и внатрешни базени за ворасни и деца, полуолимписки базен, Fun Fair, тениски терени,мини голф, фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа,џакузи се бесплатни. Сите видови на спортови на вода, билијард, масажа, центар за убавина и SPA центар, обука за нуркање, компјутерски игри се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот со натпревари на плажа и покрај базен, навечер различни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-11 години и Јуниор клуб за деца од 12-17 години.