Хотел CLUB HOTEL TITAN ****
Положба
Хотелот е лоциран во областа Mahmutlar, 16км од Аланија и 150км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 161.
Стандардни соби (21м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (28м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.3+2 лица) и 2 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со туш, фен, клима систем, телефон, мини бар (вода и минерална вода на доаѓање), сателитска ТВ и музички канали, керамички плочки на под, балкон.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна вечерна закуска. Храна и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни од 10.00-24.00ч. Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, пијалоци во Диско клуб, собна услуга, свежо цедени сокови, Турско кафе, наргиле, храна и пијалоци по 24.00 ч, A-la Carte ресторани со претходна резервација, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон и факс, сеф на рецепција, интернет кафе, изнајмување возила, чување деца, сервис за перење – дополнително се наплатуваат. Бесплатна Wi-fi интернет конекција во главните подрачја на хотелот.
Плажа
Хотелска приватна плажа на 250м од хотелот, песочна, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Пешкири за на плажа дополнително се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, одбојка на плажа, пинг понг. Масажа, спортови на вода, училиште за нуркање – се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен, вечерени шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год.