https://bluewavesuitehotel.com/anasayfa
Положба
Хотелот е лоциран во областа Обагол, 2км од центарот на Аланија и 120км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Сместување во 5 различни блока во економски, стандардни и фамилијарни соби. Економските соби се лоцирани само во дополнителните блока , опремени со клима, сателитска ТВ, мини бар, сеф (се наплаќа), купатило со туш и фен. Стандарните соби се лоцирани во главна зграда (30м², макс.3+1 лица), опремени со клима, сателитска ТВ, мини бар, сеф (се наплаќа), купатило со туш , фен и балкон. Фамилијарни соби (40м², макс.4 лица)- една дневна и една спална, сателитска РВ, клима сплит систем, мини бар, сеф (се наплаќа), купатило со туш и фен, балкон.
Услуга
Се вклучено-појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во попладневните часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00 часот. Сите увозни пијалоци и барот на плажа дополнително се наплаќа
Содржини
Главен ресторан со шведска маса. Доктор, перална, телефон, факс, фризер, продавници, rent a car, интернет, дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња, на 350м од хотелот. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за на плажа и на базен се наплаќаат
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца. Пинг понг, билијард, пикадо, одбојка на плажа не се наплаќаат. Диско клуб, бар на плажа, сауна, масажа, пилинг-дополнително се наплаќаат. Мини клуб за деца од 4-12 год.