Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 15км од Manavgat и 55км од аеродромот во Antalya .
Вкупен број на соби 267. Стандардни соби (24m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби (42m², две спални соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица). Сите соби се со приватно купатило со када или туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа само со вода), сеф (се доплаќа), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуска попладне, вечера, супа на полноќ, храна и пијалоци во барот на плажа од 10.00 – 18.00 часот, сите локални безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед покрај базен за време на одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, послуга во соба, сите флаширани пијалоци.
Главен ресторан Safran со шведска маса, A’la Carte ресторани: Kebabistan – Турска кујна, Santa Lucia – Италијанска кујна и Sambrero –Мексиканска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби е бесплатна.
Хотелска плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем Аква Парк со 11 лизгалки на вода (бесплатен влез за гостите од хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, масажа и центар за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.