Хотел ASKA BAYVIEW****
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Incekum, 25км од Аланија и на 95км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 173.
Стандардни соби (22-26м², една спална, едно купатило, макс.3+1 лица), и една соба за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со туш, фен, клима систем, мини бар (само вода), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, ќерамички плочки на подот, балкон.
Услуга
Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во текот на денот, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00ч. A’la Carte ресторан со однапред резервација и само еднаш за време на престојот. Дополнително се наплаќаат: увозни пијалоци, специјални вина, пијалоци во Диско барот, свежо цедени сокови, Турско кафе, сладолед, флаширани пијалоци, собна услуга.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – рибен ресторан, барови покрај базенот и околу хотелскиот комплекс. Доктор, услуга за перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување возила, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција бесплатна во лоби.
Плажа
Хотелска плажа, песочна, или со ситни камчиња и карпи. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водена лизгалица, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг понг. Дополнително се наплаќаат: спортови на вода, Спа центар и центар за разубавување, осветлување на тениски терени и компјутерски игри. Забавни програми, натпревари во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год.