Положба
Хотелот е лоциран во областа Текирова, 17км од Кемер и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 393. Стандардни соби (22-27м², една спална со француски кревет и софа, едно купатило, макс.2+1 лица). Сите соби се со балкон, купатило со када и туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода на пристигнување), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера, полноќна закуска, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00 часот. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, сите пијалоци во Диско бар, A’la Carte ресторани, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани (Турки и рибен ресторан), барови околу хотелскиот комплекс, Диско бар. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, дополнително се наплаќаат.Wi-Fi интернет конекција дополнително се наплаќа.
Плажа
Хотелска плажа на 300м од хотелот, со ситни камчиња. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Има бесплатен шатл бус до плажа.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, три лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг. Осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, Спа и Велнес центар, школа за нуркање, билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покарј базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.