Хотелот се наоѓа во областа Kizilot, 15км од Сиде и Манавгат, 80 км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 475. Стандардни соби 300 (36м², макс. 2+1 лица), економски стандардни соби поглед на копно 30 (19м², два одвоени кревети, макс. 2 лица), фамилијарни соби Тип А 122 (39м², една голема соба со брачен кревет и кревети на спрат, купатило, макс.2+2 лица,), фамилијарни соби Тип Б 24 (43м², две соби поврзани со врата, едната со фанцуски лежај а другата со еден единечен кревет и софа, едно купатило, макс. 5 лица,). Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима кој работи во одредени саати во зависност од временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со сокови и вода), сеф (се наплатува), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневнa ужина, колачи, кафе, чај, вечера и полноќна супа. А’la Carte рестораните се со претходна резервација и само еднаш за време на престој, сладолед во попладневните часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 ч. Увозните пијалоци, пијалоците по 24.00 ч., свежо цедените сокови, сите флаширани пијалоци и пијалоците во Диско клубот, услуга во соба дополнително се наплатуваат.
Главен ресторан, А’la Carte рестораните-Tulip (Турска кујна), Olive (Италијанска кујна), Bonsai (Кинеска кујна), Oleander (рибен ресторант) со претходна резервација, лоби бар, бар за ужина, бар покрај базен и бар на плажата, Диско клуб. Доктор, перална, фризер, чување деца, интернет кафе, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат.
Хотелска песочна плажа со ситни камчиња која се наоѓа преку патот (се поминува тунел), лежалки, чадори за сонце и пешкири не се наплатуваат.
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, тениски игралишта. Масажа, спортови на вода, куглање, билијард, осветлување на тениски игралишта, салон за убавина и Wellness центар дополнитело се наплатуваат Забавни програми преку ден и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Клуб за тинејџери од 11-15 год.