http://www.ameliabeachresort.com/
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kizilot, оддалечен 80км од аеродромот во Анталија и 15км од Сиде.
Сместување
Вкупен број на соби 479 во главна зграда.
Стандардни соби (36m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лица),
Фамилијарни соби со кревети на спрат (36– 39m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби (43m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф (со доплата), сателитска ТВ, балкон.
Услуга
All inclusive –шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне трти, чај, кафе, вечера, полноќна супа, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сладолед во попладневните часови, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: сите увозни пијалоци, пијалоци по 24.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, послуга во соба, сите пијалоци во Диско клуб и Витамин бар.
Содржини
Главен ресторан Acacia со шведска маса, A’la Carte ресторани: Tulip (Турска кујна), Olive (Италијанска кујна), Bonsai (Кинеска храна) и Oleander (рибен ресторан) со претходна резервација, лоби бар, бар покрај базенот и на плажа, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција до 50Mb во Лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна со камчиња, се преминува преку пат до плажата преку тунел, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, терен за кошарка, одбојка се бесплатни. Масажа, спортови на вода, куглање, билјард, осветлување за тениски терени и опрема, Wellness центар и салон за убавина дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и вечерта. Мини клуб за деца од 04-12 години и Teeny Club за деца од 11 – 15 години. Luna Park дополнително се наплаќа.