Хотелот се наоѓа во областа Gundogdu , 55км од аеродромот и 20км од центарот на Manavgat.
Вкупен број на соби 308 во шест блокови. Стандардни соби 244 (27m²; една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице), Фамилијарни соби 62 (34m²; две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.2+2лица), Royal Suit (85m²; две спални соби, една дневна соба и две купатила од кое едно е со џакузи, макс. 4 лица). Сите соби се со приватно купатило, када, фен, централен клима уред, телефон, сеф, мини бар( се надополнува со безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода и пиво секој ден), елетричен бокал, сет од чај и кафе, WI-FI интернет, сателитска телевизија, LCD TV и муѕзички канали, балкон. Собите можат да бидат со поглед на море и со поглед на копно.
Ultra all inclusive – храна и пијалоци сервирани 24 часа на ден, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера и закуска доцна навечер. Пијалок за добредојде при пристигнување. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај, кафе, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед. Мини бар во собите кој се надополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и пиво бесплатно. Не е вклучено во ultra all inclusive концептот: Премиум увозни пијалоци, специјални локални и увозни вина, енергетски пијалоци и сите флаширани пијалоци, A’la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, послуга во соба, наргиле.
Horizon – главен ресторан со шведска маса, бифе за деца, бифе за диета, ресторан покрај базен, бар за закуски и бар во близина на плажа, A’la Carte ресторани– Anatolia (Турска кујна), Capri (Италијанска кујна), Taka (Рибен ресторан) се достапни со претходна резервација. Барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, телефон, факс, катче за интернет, бебиситер, компјутерски игри, фризер, услуга за перење, шопинг центар, рент а кар дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конеција во целиот хотел и по собите е бесплатна.
Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа и покрај базен. Приватните павиљони на плажа се со претходна резервација и се доплаќаат.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк (за возрасни и деца посебно), фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на плажа. Цебтар за убавина, Wellness и SPA центар со базен со морска вода, спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, куглање, билијард и компјутерски игри се доплаќаат. Забавна програма е организирана од професионален тим. Програмата се менува секој ден во период од две недели. Во текот на денот различни натпревари, навечер шоу програми. За деца има Мини клуб за деца од 04-12 години, каде професионалниот тим има организирано специјална програма во текот на денот и навечер.