Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 10км од Side и 65км од аеродромот во Antalya .
Вкупен број на соби 210 во две згради. Стндардни соби (30m²; една спална соба со спална+еден единечен кревет и едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби (55m², две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица) и 2 соби за лица со хендикеп. Собите се со страничен поглед на море, со поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со када и туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден, со пиво се дополнува само при пристигнување), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф (се доплаќа), LCD TV со сателитски програми, WI-FI интернет конекција (се доплаќа), балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек,попладне кафе, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој. Не е вклучено во ultra all inclusive концептот: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, Турско кафе, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан –Tugra –Турска кујна, Dolphin – Рибен ресторан A’la Carte, Barbeque A’la Carte, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, шопинг зона, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби и покрај базен е бесплатна.
Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA центар и центар за убавина, осветлување за тениски терени, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04 – 12 години.