СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЛЕТО 2022
ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА – АЗУРЕН БРЕГ
ТЕРМИНИ: Јуни/Јули/Август/Септември
(8 ноќевања/ 12 дена)
1 Ден – MAKЕДОНИЈА
Поаѓање околу пладне од Скопје.
Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.
2 Ден – ВЕНЕЦИЈА Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.
3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.
4 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полни пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.
5 – 9. Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.
10 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање од Љорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег и сместување во хотел. Слободно време.Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. Ноќевање во Кан/Ница.
11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО Појадок. Напуштање на собите и слободно време на Азурниот брег. на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.
12 Ден – МАКЕДОНИЈА Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Хотел Услуга Термин Тип на соба 1/2
Цената вклучува:
· Комплетна организација на патувањето
· Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
· Разглед на градовите според програмата
· 1 ноќевање со појадок во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
· 6 ПОЛУ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел 3** (соби 1/2+1)
· 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Кан/Ница) во хотел 3*** (соби 1/2+1)
Цената не вклучува:
· Патничко и здравствено осигурување
· Факултативни излети
· Доплата за 1/1 соба – 200€
· Задолжителен PCR тест
· Задолжителна градска такса за регијата Каталонија (од 01.11.2012) – во хотелите со 1*, 2* и 3* – 0.50 € по ноќ/по oсоба, 4*, 5* – 1€ – се плаќа на рецепција на хотелот.
· Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€ )
НАПОМЕНА!!!
***Резервација на место се прави со 3000 денари по лице.
ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
· Барселона панорама-/ € – Панорамско разгледување на бисерот на Медитеранот, престолнината на фк Барселона, извонредните архитектонски дела на неповторливиот Антонио Гауди – Sagrada Familia, casa Mila, casa Batlo, placa Espanya, placa Catalunya, паркот Ciutadella, споменикот на Кристофер Колумбо…
· Барселона шопинг и магични фонтани- / € – Посета на трговскиот ценатар Mataro Parc, сместен во градот Матаро, на само 30 км оддалеченост од Барселона и трговскиот центар “Marremagnum” сместен на самото крајбрежје на медитеранот. Во вечерните часови во договорено време заминување кон магичните фонтани, кои се дел од саемскиот комплекс изграден за светската изложба во 1929 година. Фонтаната
приредува вистинско магично шоу, во кое се преплетуваат повеќе од 7 милиони комбинации од вода, светло и музика. Во една од музичките компилации се изведувала и Игри без граници од неповторливиот Тоше Проевски.
· Витешка вечер (Castel Medieval)-/ € – Навратете се 500 години назад во средниот век, во времето на витешките борби, навивајте и бодрете го вашиот витез. Во текот на шоуто добивате витешки средновековен оброк со традиционално шпанско вино. По завршување на витешките борби, следува традиционална шпанска игра – фламенко, која датира од XVII век и е под заштита на Унеско.
· Фламенко Monterrey Lloret de Mar – / € – традиционална шпанска игра – фламенко, која датира од XVII век и е под заштита на Унеско. Истата се состои од песна, гитара и танц и е дел од секојдневието на шпанците.
· Коста Брава – / € – Авантуристичко патување низ најживописниот дел на “Дивиот брег” на Каталонија. Се посетува препознатливо шпанско градче – Тоса де Мар, летувалиште во кое престојувале голем број на познати светски актери, пејачи и сл. Потоа се продолжува кон ботаничката градина, во која се наоѓаат голем дел на ретки изданија на кактуси кои се донесени при големите освојувања на Колумбо. Излетот се завршува со посета на традиционална шпанска винарија, со можност за дегустација на квалитетни шпански вина карактеристични за самиот тој дел на Каталонија.
· Венеција-/ € – Градот на Св. Марко, Антонио Вивалди, Марко Поло и најголемиот љубовник на сите времиња Казанова, мостот на воздишките, единствениот град во вода које распостелен на 118 мали островчиња, поврзани со 400 мостови меѓу кои сообраќајот се одвива со препознатливите венецијански гондоли.
· Камп Ноу – / € – Храмот од кои произлегоа голем број на светски познати имиња и ветерани, еден од најпознатите стадиони во светот, најголемиот стадион во Европа кој располага со капацитет од 99 354 места за седење.
· Аквариум – / € -Еден од најпопуларните светски аквариуми со преку 11 000 примероци од 450 различни растителни и животински подводни видови, со неверојатен 80 метарски тунел под површината на морето со посетеност од повече од 14 мил. туристи.
· Мариниленд – / € – Најголемиот забавен аква парк во целиот регин на Коста Брава, кој што покрај големиот број на базени и тобогани, се наоѓа и зоолошка градина и дефинариум, кој во попладневните часови со свои програм дополнително го зголемуваат ужувањето покрај водата во летните сончеви денови.
· Порт Авентура -/ € – Паркот кој годишно го посетуваат повеќе од 3.5 мил. туристи, го прави најпосетуваниот парк во Шпанија со извонредна можност за посета и уживање во сите адреналински атракции.
· Тропикс дискотека–клуб картичка – / €
· Музеј на Салвадор Дали – /€