ВАЛОНА – албанска убавица каде се спојуваат јонско и јадранско море, едно од најатрактивните туристички дестинации во Албанија. Валона се карактеризира со прекрасна пространа песочна плажа, велосипедски и пешачки патеки, булевари, голем број на ресторани и таверни со поволни цени.
Хотел Кристал се наоѓа на 200 метри одалеченост од плажата и шеталиштето на Валона, каде има простор за користење на јавна плажа која е бесплатана за користење, и плажа со организиранири лежалки и чадори со доплата на лице место (зависно од барот во кој го имате избрано) на самото шеталиште има многу бројни продавници, прехранбени продавници, барови, пицерии, ресторани со пристапни цени.
Појадокот во хотелот се одвива во лобито или во надворешна уредена тераса, хотелот нуди бесплатна употреба на клима и интернет (wi-fi) паркинг места на лице место на расположливост, но е можно зависно од расположливост да се паркира покрај самата ограда на хотелот.
Хотелот Кристал располага со повеќе типови на соби, секоја со свој тоалет, тераса (само соба бр.203 нема тераса), клима, wi-fi, фрижидер, во собите нема кујни и прибор за јадење и во нив не се готви, хигиената во хотелот се одржува на секој 2 дена, се менуваат чаршафи и пешкири.
Двокреветна соба: со брачно легло ( за 2 возрасни лица + 1 дете до 5,99год, кое дели легло со родители)
Трокреветна соба: со брачно легло + 1 единечно легло ( за 3 лица + дете до 5,99год кое дели легло со родители)
Трокреветна соба + софа: со едно брачно легло + 1 единечно легло + софа (погодно за 3 лица+ дете до 12,99год + дете до 5,99год)
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК
(НАПОМЕНА: ПРВАТА И ПОСЛЕДНАТА СМЕНА СЕ ИЗРАЗЕНИ САМО ЗА НАЕМ ПО ЛИЦЕ, И НЕ СЛЕДУВА ПОЈАДОК)
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 15.06.2022 (За термин од 23,06,2022)
ВАЛОНА – ХОТЕЛ КРИСТАЛ | |||
---|---|---|---|
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК / ПРВАТА И ПОСЛЕДНАТА СМЕНА НЕМААТ ПОЈАДОК | |||
Период | Ноќ | Цена по лице | |
02.06-09.06.2022 | 7 Наем | 89 | |
09.06-16.06.2022 | 7 BB | 109 | |
16.06-23.06.2022 | 7 BB | 119 | |
23.06-30.06.2022 | 7 BB | 129 | |
30.06-07.07.2022 | 7 BB | 149 | |
07.07-14.07.2022 | 7 BB | 189 | |
14.07-21.07.2022 | 7 BB | 189 | |
21.07-28.07.2022 | 7 BB | 189 | |
28.07-04.08.2022 | 7 BB | 189 | |
04.08-11.08.2022 | 7 BB | 189 | |
11.08-18.08.2022 | 7 BB | 189 | |
18.08-25.08.2022 | 7 BB | 179 | |
25.08-01.09.2022 | 7 BB | 159 | |
01.09-08.09.2022 | 7 BB | 149 | |
08.09-15.09.2022 | 7 BB | 99 | |
15.09-22.09.2022 | 7 Наем | 89 |
Услови за деца:
Две деца се бесплатни до 12.99год, опис:
Двокреветна соба: со брачно легло ( за 2 возрасни лица + 1 дете до 5,99год, кое дели легло со родители – бесплатно)
Трокреветна соба: со брачно легло + 1 единечно легло ( за 3 лица + дете до 5,99год кое дели легло со родители – беплатно) 3то возрасно -70% попуст
Трокреветна соба + софа: со едно брачно легло + 1 единечно легло + софа (погодно за 3 лица + дете до 12,99год + дете до 5,99год) – 3то Возрасно – 70% попуст на цената на возрасен, две деца до 12,99год – бесплатно
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Валона преку граничен премин Ќафасан:
Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Валона преку граничен премин Ќафасан:
Битола (Автобуска станица) – 45€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 45€
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
Сатници на поаѓање:
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
* попустите не може да се комбинираат,
*Во соба е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет наведен во описот
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на патување.