1.ДЕН 19.04.2024 – Се поаѓа во 22:00 часот од Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.
2.ДЕН 20.04.2024 – Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Посета и до испосницата на Свети Зосим која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Испосницата е во карпа каде има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител, а покрај пештерата има чудотворен извор. Во договор со водичот поаѓање за БЕЛГРАД. По пристигнувањето во Белград прво се упатуваме на Скадарлија – Боемски квартал каде се наоѓаат најпознатите староградски кафани, можност за ручек. Потоа прошетки низ Кнез Михајлова и Калемегдан. Сместување во хотел во попладневните часови.. Ноќевање.
3.ДЕН 21.04.2024 – Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по ДУНАВ и САВА чија глетка ги воодушевува туристите. После крстарењето се упатуваме према трговски центар УШЧЕ. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5,500 мкд
Во цената е вклучено:
* Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
* 1 ноќевање со појадок во ХОТЕЛ 3* во БЕЛГРАД
* Пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
* Патничко осигурување (информација во агенција)
* Туристичка такса 1,5 еу по лице – задолжително се плаќа во автобус
*ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –15 еу
НАПОМЕНА!!!
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: