ОСТРОШКИ МАНАСТИР
Термин: 27-29 Мај
1.ДЕН-Состанок на групата во 23:00 часот. Поаѓање кон Црна Гора (ноќно возење). Се патува преку Албанија со попатни паузи и царински формалности.
2.ДЕН- Пристигнување во Црна Гора во раните утрински часови. Прво место за посета е Манастирот Дајбабе кој е посветен на Успение на Пресвета Богородица. Интересно е по тоа што има необична положба и необичен внатрешен распоред (закопан под земја). Природната форма на пештерата се користела како простор за црквата. Подоцна, пештерата била проширена за да ја формира основата на црквата, со помошни параклиси. Единствениот видлив дел од црквата е надвор од пештерата и е простран влезен трем со две камбанарија. Изграден е во 1897 година врз основа на чудесното видение на овчарот Петко (подоцна јеромонах Платон). По разгледите продолжуваме према Трговски Центар Делта во центарот на Подгорица, слободно време околу час и половина за патниците да си набават се што им е неопходно за Острог, како и слободно време за шопинг, кафенце… Потоа го посетуваме и Храмот Христово Воскресение кој се наоѓа во непосредна близина на Трговскиот. Храмот се градел цели 20 години од 1993 година и денеска претставува трета по големина Православна катедрала во светот по соборниот храм Христос Спасител во Москва и катедралата Свети Сава во Белград. Во договорено време поаѓање према ОСТРОШКИ МАНАСТИР. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус, сместување, разглед на Горниот Манастир. Присуство на попладневната служба и поклонување на моштите на Св.Василиј Острошки. Ноќевање во конак или во дворот на манастирот.
3.ДЕН-Можност за присуство на утринска служба во горниот или долниот манастир. По службата во 09 часот поаѓање за БУДВА. Разглед на Стариот град, слободно време за кафенце покрај море. Во договорено време со водичот поаѓање према Македонија со паузи и царински формалности. Пристигнување во ноќните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1950 денари
ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА
Во цената е вклучено :
– Превоз на наведената релација со туристички автобус
– Организација и водство на патувањето
– Разглед на Будва, Храм Христово Воскресение, Манастир Дајбабе и трговскиот центар Delta City во Подгорица
– Пратител на групата
Во цената не е вклучено:
– Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе (1еу по лице)
– Туристичка такса во Острог (1 еур по лице)
– Ноќевање во долниот конак (5еур по лице)—информаци во АГЕНЦИЈА !!!
– Ноќевање во Горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се проверуваат по пристигнување во манастирот
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА!!!
– За реализација на овој аранжман се потребни минимум 35 патници.
– Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.