ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН 08.09 (Четврток)
Поаѓање во вечерните часови на 07.09 преку граничен премин Битола – Меџитлија. Ноќно возење до Игуменица каде во утринските часови на 08.09 се качуваме на траект се до пристигнувањето на пристаништето на островот Крф. Потоа се упатуваме кон Ипсос или Дасиа, кои се оддалечени 15 минути од пристаништето. Сместување во вилите и слободно време за одмор или плажа, се до попладневните часови кога групата се упатува кон истражување и прошетка во градот Крф.
Градот Крф е еден од најпознатите градови на јонските острови, познат по светецот Свети Спиридон, прекрасниот и единствен стар дел на градот кој потсетува по својот изглед и архитектура на Венеција, Париз, Дубровник, како и Старата тврдина која гордо се изгигнува над градот.
Прошетка низ најзначајните делови од Крф со водич и потоа следува слободно време.
ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ Е 10 евра по лице.
Враќање во Ипсос во договорено време и можност за продолжување во некој од баровите во Ипсос.
Ноќевање
ВТОР ДЕН 09.09 (Петок)
Вториот ден е резервиран за посета на едно од најпознатите туристички места на островот, Сидари, познато по каналот на љубовта. Местото е големо и населено и таму ќе имаме прилика да уживаме во прекрасен ден на плажа во еден од најпознатите бич барови. Потоа во договорено време ќе одиме во селцето Перуладес, каде се наоѓа барот 7th Heaven, познат по прекрасната стаклена тераса од каде се гледа најубавото зајдисонце на островот. Враќање вовечерните часови.
ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ Е 25 евра по лице
Вечерта можност за забава во некој од локалните барови.
ТРЕТ ДЕН 10.09 (Сабота)
Сабота е ден за посета на Палеокастрица, надалеку познато по тиркизната боја на морето. Слободно време за капење, со можност за посета на црквата Света Богородица или познатиот аквариум. Слободно време за плажа. Враќање во Ипсос во попладневните часови.
ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ Е 20 евра по лице
Вечерта повторно можност за посета на некој од баровите во Ипсос.
ЧЕТВРТ ДЕН 11.09 (Недела)
Напуштање на апартманите во 09часот наутро. Слободно време за плажа се до моментот на поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 99 евра по лице
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: